Музеј на старата скопска чаршија
Overview
Reviews 0

Добредојдовте во Музејот на старата скопска чаршија. Влезот е низ оваа голема капија која ве води во Сули Ан. Внатре, нема назначено место за паркирање на точаците, но можете на кратко да ги оставите врзани за капијата или потпрени на еден од столбовите во дворот. Веднаш од влезот на вашата лева страна треба да се качите горе по скалите и низ стаклената врата во десно да влезете во музејот.

Музејот на Старата скопска чаршија е отворен во 1983. Посетителите тука може да се запознаат со опсежни податоци поврзани со функционирањето на чаршијата. Изложбата опфаќа неколку делови, и тоа:  Археолошки дел: каде се прикажани предмети како монети и керамика ископани од просторот на чаршијата и на калето, Историски дел, во кој преку фотографи и текстови се дава појасна  слика за основањето, развојот и животот на скопската чаршија, Етнолошки дел: кој ја претставуба чаршијата низ приказната за дејноситите и занаетите од кои  три најдоменинантни биле занаетчиството, трговијата и угостителството. Занаетчиството е презентирано преку артефакти од најдоминантните занаети како  кујунџискиот, терзиско-срмаџискиот, папуџискиот , ѓурчиско-кожуварскиот занает и др. А трговијата и угостителството се преставени низ слики. Уметничкиот дел го сочинуваат уметничките дела чија тематика е животот во старата чаршија. Во оваа поставка застапена е првата генерација на македонски ликовни уметници како: Мартиновски, Пандилов, Владимирски и др., но застапени се и дел од современите ликовни уметници од Македонија како: Анастасов, Мазев, Перчинков и др. Музејот ан Старата скопска чаршија е уникатно место каде може да се видат истовремено сите аспекти на животот во најстарата чаршија на Балканот.

Reviews

0.0

0 comments

Provided by

Sustainable Initiatives

Sustainable Initiatives

Achieving sustainability by promoting the use of bicycles.

This story belongs to