Село Рапеш е сместено на источната падина на Селечка Планина на 700 м надморска висина. Во пописните турски дефтери од XV век се споменува како село со 65 жители. Се претпоставува дека името го добило по неговиот прв жител „Рапе“ кој се населил тука да одгледува овци. Слава на селото е Спасовден и во него постојат две цркви Св. Параскева и Св. Димитриј. За време на Првата светска војна селото било во целост уништено и населението раселено.